Во мај годинава, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 74 482 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесувала 49 544 денари, што претставува зголемување од 8,2 отсто во однос на истиот месец минатата година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Растот на просечната нето-плата, според ДЗС, се должи најмногу на зголемувањата во секторите, како снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и санација на околината, каде платите се зголемиле за 11,9 отсто, потоа во секторот уметност, забава и рекреација за 11,3 отсто и транспорт и складирање за 10,9 отсто.
Во однос на април 2026 година, зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата е забележано во секторите трговија на големо и мало и поправка на моторни возила и мотоцикли за 6,3 отсто, рударство и вадење камен за 5,8 отсто и транспорт и складирање за 5,7 отсто.
Во мај годинава, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 74 482 денари.
