Официјалната веб-страница на Собранието, која синоќа беше нефункционална, имала технички проблеми.
Од парламентот велат дека не станува збор за хакерски напад, туку само за проблеми од техничка природа, а задолжените за ИТ во собраниските служби од утрово работеле на нивно решавање.
Во моментов веб-страницата е повторно функционална.
Проблемите се забележуваа синоќа кога веб-страницата воопшто не се отвораше или, ако се отвореше, по неколку минути повторно паѓаше.