Бенџамин Мекинтајр-Кобл, офицер на крајбрежната стража на Алјаска, рече дека авионот претрпел ненадејна загуба на висина и брзина, но дека не може да ги каже причините за таквата состојба. Сепак, додаде дека временските услови биле лоши во областа каде паднал авионот
Американската крајбрежна стража во Алјаска вчера пронашла остатоци од мал авион откако леталото ненадејно изгубило висина и се забило во морскиот мраз. Загинати се сите 10 патници што биле во него, пренесува Си-ен-ен. Остатоците од авионот се откриени на 55 километри југоисточно од Номе.

Портпаролот на крајбрежната стража Мајк Салерно изјави дека двајца спасувачи на крајбрежната стража на САД кои стигнале до урнатините виделе три тела внатре, а се претпоставува дека уште седум се наоѓаат во урнатините.
Клинт Џонсон, шеф на канцеларијата на Националниот одбор за безбедност на транспортот во Алјаска, рече дека загинале 10 лица.
Според него, суровото зимско време ја отежнало потрагата по авионот и најави дека ќе бидат потребни часови или денови за да се извлечат телата од локацијата.
#UPDATE (1/2) #USCG has ended its search for the missing plane after the aircraft was located approx. 34 miles southeast of Nome. 3 individuals were found inside and reported to be deceased. pic.twitter.com/XndzBYHdCE
— USCGAlaska (@USCGAlaska) February 8, 2025
Бенџамин Мекинтајр-Кобл, офицер на крајбрежната стража на Алјаска, рече дека авионот претрпел ненадејна загуба на висина и брзина, но дека не може да ги каже причините за таквата состојба. Сепак, додаде дека временските услови биле лоши во областа каде паднал авионот.
Авионот леташе од Уналаклиет до Номе, редовен патнички лет што минува низ Нортон Саунд.
Инцидентот се случува во време на зголемен надзор над безбедноста на воздушниот сообраќај во САД. Се истражуваат две смртоносни несреќи во последните денови – судир во воздух меѓу патнички авион и хеликоптер на американската армија „блек кок“ во Вашингтон, во кој загинаа 67 лица, и несреќа на медицински авион во Филаделфија, во која загинаа седум лица.