Две безживотни тела се пронајдени во текот на изминатиот ден, информира полицијата. Едниот случај е во Гостивар, а другиот во Демир Капија.
За случајот во Гостивар, вчера околу 13:55 часот било пријавено дека Д.К(37) го пронашол починат својот татко К.И. (68) во куќа на улицата „ЈНА“ во Гостивар. Според пријавата, починатиот имал претходни здравствени проблеми, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
Во полицијата во Неготино пак, било пријавено дека З.Б. го пронашол починат неговиот син Ф.Б.(33) во семејната куќа на ул.„Радњанска“ во Демир Капија.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Одделение за внатрешни работи Неготино и лекар од здравствена установа, каде првично бил пријавен случајот. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција на Институт за судска медицина Скопје.
Од полицијата велат дека се работи на расчистување и на двата случаи.