Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и понекаде на повисоките места во западните делови со врнежи од снег. Според прогнозите на УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Во Скопје максималната температура ќе достигне 9, а минималната 5 степени.
Преку ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд на пониските места, од снег на планините, а во северните делови понекаде врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места.
Во ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите ќе престануваат и особено во северните и источните делови повремен снег ќе паѓа и на пониските места. Од утре ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен во вторник и кон крајот на работната недела, и ова ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.