Како што пренесуваат српските медиуми, се приведуваат членови на криминална група предводена од осомничен наркодилер
Според наводите, групата планирала на денот на изборите да доведе околу 80 лица во Белград со цел да предизвикаат масовни немири и хаос на улиците низ главниот град
Во Нови Сад е во тек е голема полициска акција за апсење на група осомничена за планирање масовни немири на денот на парламентарните избори, закажани за 25 октомври, објави РТС.

Акцијата се спроведува во координација со Вишото јавно обвинителство во Белград.
Како што пренесуваат српските медиуми, се приведуваат членови на криминална група предводена од осомничен наркодилер.
Според наводите, групата планирала на денот на изборите да доведе околу 80 лица во Белград со цел да предизвикаат масовни немири и хаос на улиците низ главниот град.
Се вршат и претреси на објекти и простории што ги користеле осомничените.
Во одделна акција, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Краљево, е уапсен и жител на Врњачка Бања, осомничен за планирање учество во немири на денот на изборите во Белград.
Истражување на политичкото јавно мислење во Србија, без Косово, спроведено кон крајот на септември и почетокот на октомври оваа година, а кое е објавено од Новата српска политичка мисла (НСПМ), покажува дека 44,5 проценти од испитаниците би гласале за Студентскиот список на изборите, додека 42,7 проценти би ја поддржале листата на владејачката Српска напредна странка (СНС), предводена од доскорешниот претседател Александар Вучиќ.
