Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови од земјава повремено силен ветер од југозападен правец кој ќе достигне брзина и над 80 километри на час
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови од земјава повремено силен ветер од југозападен правец кој ќе достигне брзина и над 80 километри на час.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 10 до 21 степен.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди и со услови за слаб дожд кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 9 до 19 степени.
За следните денови УХМР најавува променливо облачно време со повремен локален дожд. Под влијание на јужно воздушно струење, во петок нè очекува релативно топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Од сабота температурите повторно ќе бидат во опаѓање.
