Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. УХМР известува дека ќе дува умерен, наместа засилен ветер над 60 километри на час од јужен правец, што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Под влијание на влажен бран во недела ќе има локални врнежи од дожд. Ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе засилува, а од понеделник температурите ќе опаднат.