Во објавата на Фејсбук таа не ги наведува причините поради кои ја донела одлуката, но вели: „Преку некои работи не може да се премине.“
Професорката Симона Груевска-Маџоска денеска преку објава на Фејсбук соопшти дека поднела неотповиклива оставка од функцијата претседателка на Советот за македонски јазик при Министерството за култура и туризам и од позицијата координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик.

Во објавата таа не ги наведува причините поради кои ја донела одлуката, но вели:
„Преку некои работи не може да се премине.“
Таа упати благодарност до членовите на Советот за соработката, членовите на Координативното тело за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во 2025 година и до членовите на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик и им посака успешна понатамошна работа.
Груевска-Маџоска ја извршуваше функцијата претседателка на Советот за македонски јазик од 20 декември 2024 година. Таа е актуелна професорка во Инситутот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.
