Во мај 2021 година, државата ѝ врати на Европската комисија 1,7 милиони евра за злоупотреба на европски фондови. Причина е истрагата против поранешниот државен секретар од ДУИ во Министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахија, и уште една обвинета. Иако државата пред скоро две години ги врати парите, судот уште не пресекол дали Јахија и неговата соработничка се виновни
БИРН истражуваше каков е исходот на високопрофилирани случаи за функционери на ДУИ
Истрагите и судењата на партиски функционери секогаш се во фокусот на јавноста. Но, кога станува збор за функционерите на ДУИ, нивниот резултат се најчесто маратонски судења, ослободувања или условни казни, пишува „Призма“ во својата најнова анализа.
Дали правдата важи за луѓето на ДУИ, ја прашавме партијата да го реафирмираат својот став даден за БИРН по повод 20 години политички стаж. Од таму тогаш ни рекоа дека не се сложуваат со тоа дека нема одговорност за нивни функционери и оти таквиот впечаток се темели на пропаганда.
БИРН истражуваше каков е исходот на тринаесет високопрофилирани случаи во кои се вмешани функционери или нивни роднини блиски до ДУИ. Искажано во бројки, половина од случаите не ни дошле до суд.
Оние што стигнале завршувале со условни казни, биле одбивани, или пак, уште траат, или поточно, од седум судски случаи најдовме три условни казни, една одбивателна, две тековни судења и само една пресуда со правосилна затворска казна.
Закажи, откажи
Во мај 2021 година, државата ѝ врати на Европската комисија 1,7 милиони евра за злоупотреба на европски фондови. Причина е истрагата против поранешниот државен секретар од ДУИ во Министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахија, и уште една обвинета.
Истрагата ја водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, со Европравда и Канцеларијата против измами на ЕУ, ОЛАФ.
Иако државата пред скоро две години ги врати парите, судот уште не пресекол дали Јахија и неговата соработничка се виновни.
Повеќе од анализата прочитајте ТУКА.
Фото: БИРН