Улогата на македонската ИТ-фирма „Сајтрокс“ во глобалниот скандал со сајбер-шпионирање, кој пред десетина дена го обелоденија Фејсбук и канадската невладина Ситизен лаб, не е авантура на локални лукративци, покажува истражувањето на БИРН.
Напротив, сознанијата до кои дојдовме укажуваат дека „Сајтрокс“ е дел од групација вредна милиони, која нуди софтвер и технологија за разузнавачки операции. Групацијата ја водат бизнисмени со сериозен воен бекграунд во Израел и главно соработуваат со влади на различни држави.
Македонскиот „линк“ со скандалот е 30-годишниот Иво Малинковски, како управител на фирмата „Сајтрокс“ од Скопје.
Целата сторија може да ја прочитате тука.