Во извештајот тие се осомничени за злоупотреба на службената положба бидејќи не му ги доставиле на надлежното обвинителство доказите што ги имале во случајот со убиството во ресторанот „27“ во во белградската населба Сењак

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ, по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото обвинителство во Белград, одредено им е 48-часовно задржување во полиција, потврдил за „Инсајдер“ Ненад Стефановиќ, главен обвинител на белградското обвинителство.
Информацијата за апсењето на Кричак и Секуловиќ прв ја објави неделникот „Радар“ наведувајќи дека тие се уапсени како дел од истрагата што ја покрена кривична пријава поднесена од помошникот на директорот на полицијата Веселин Милиќ.
„Инсајдер“ потсетува дека против Кричак во претходниот период биле поднесени неколку кривични пријави. Поранешниот началник на Полициската управа за градот Белград, Веселин Милиќ, во кривичната пријава ги означил Кричак и Секуловиќ како одговорни за неговото кривично гонење.
Во извештајот тие се осомничени за злоупотреба на службената положба бидејќи не му ги доставиле на надлежното обвинителство доказите што ги имале во случајот со убиството во ресторанот „27“ во во белградската населба Сењак.
„Инсајдер“ потсетува дека кривична пријава против Кричак има поднесено и студентката Николина Синѓелиќ, која го обвинува дека во август 2025 година, по студентскиот протест во Белград, ги однел неа и неколку други граѓани во гаражата на зградата на Владата каде што физички ги малтретирал. Поточно, според нејзиното сведочење, Кричак ја удрил со главата од ѕидот и ѝ се заканил дека ќе ја силува пред сите.
Марко Кричак е на позицијата началник на Управата за криминалистичка полиција нешто над една година. На позицијата прв човек на криминалистичката полиција дојде од позицијата командант на Единицата за заштита на лица и предмети. Највисоките претставници на претходната влада зборуваа многу пофално за Кричко и улогата на неговата единица за време на обезбедувањето на протестните собири на граѓаните.
