Протестот започна на градскиот плоштад, од каде присутните се упатија кон зградата на Општина Тетово, каде што го изразија своето незадоволство од одлуката на Уставен, но и од актуелното раководство на општината и градоначалникот Биљал Касами, кој е и копретседател на владејчката партија Влен
Уставниот суд на седницата одржана на 17 јуни ја укина одлуката за преименување на дел од улиците и централниот плоштад во Тетово, донесена во 2007 година кога градоначалник на општината беше Хазби Лика од ДУИ, со образложение дека тогашното раководство на локалната самоуправа не го испочитувало законскиот услов според кој согласност за таквото преименување на улици и објекти треба да даде и Владата
Со транспаретни во рацете, веејќи албански знамиња и извикувајќи пароли, граѓани денеска излегоа на протестен марш во Тетово против одлуката на Уставниот суд со која се укина преименувањето на дел од улиците и плоштадот во градот, одлука што во 2007 година ја донесоа тогашните општински власти. Со укинувањето на одлуката на Општина Тетово од пред речиси 20 години, се враќаат претходните имиња на дел од улиците и на градскиот плоштад кој во 2007 беше преименуван од „Маршал Тито“ во „Илирија“.

Протестниот марш дојде на повик на опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), чиј огранок во Тетово пред неколку дена донесе одлука за негово одржување, а на собир против одлуката на Уставниот суд повика и лидерот на партијата Али Ахмети.
Протестот започна на градскиот плоштад, од каде присутните се упатија кон зградата на Општина Тетово, каде што го изразија своето незадоволство од одлуката на Уставен, но и од актуелното раководство на општината и градоначалникот Биљал Касами, кој е и копретседател на владејчката партија Влен.
На протестот, како што пренесоа медиумите, немаше јавни обраќања. Беа извикувани пароли „УЧК“, „Кој го продаде Тетово – Биљал“, „Српски свет надвор од Тетово“, а на општинската зградата беа залепени имиња на улици. Пред зградата, присутните ги оставија и транспарентите кои ги носеа на протестниот марш, по што мирно си си заминаа од пред зградата на Општина Тетово.

Уставниот суд на седницата одржана на 17 јуни ја укина одлуката за преименување на дел од улиците и централниот плоштад во Тетово, донесена во 2007 година кога градоначалник на општината беше Хазби Лика од ДУИ, со образложение дека тогашното раководство на локалната самоуправа не го испочитувало законскиот услов според кој согласност за таквото преименување на улици и објекти треба да даде и Владата.
„Согласно член 5 став 2 од Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, за донесување одлука за промена на имињата е потребна претходна согласност од Владата. Со донесувањето на Одлуката без потребната согласност од Владата, Општина Тетово го повредила начелото на владеење на правото, утврдено во член 8 став 1 алинеја 3 и член 51 од Уставот, како и член 5 став 2 од Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти“,
наведоа од Уставниот суд во образложението на одлуката.
На одлуката на Уставен, остро реагираа од Демократската унија за интеграција (ДУИ), оценувајќи дека таа покажува дека, како што наведоа истиот ден, кампањата за демонтирање на политичките достигнувања на Албанците влегува во нова фаза. Според ДУИ, враќањето на името „Маршал Тито“ на централниот плоштад во Тетово е само најновиот знак дека државните институции се користат за бришење на трагите од еднаквоста која е стекнувана со децении политички напори.
Повикувајќи се на изјава на уставниот судија Осман Кадриу, од ДУИ излегоа и со тврдења дека Општина Тетово воопшто не ја бранела одлуката донесена пред деветнаесет години и не презентирала никакви аргументи пред судот. Дополнително, рекоа од партијата, Владата не доставила конкретен одговор и не презела чекори за одбрана на актот, а судската одлука била донесена преку етничко надгласување, при што двајцата судии Албанци и еден судија Турчин во Уставниот суд биле надгласани од мнозинството.
