Во изминатово деноноќие вкупно четири лица го прекршиле ограничувањето на движењето во време на полициски час во Тетово.
Полицијата информира дека четирите лица се лишени од слобода, задржани во полициска станица и на сите ќе им се изготват соодветни поднесоци за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Во еден објект во Тетово и во три објекти во Гостивар во државен карантин се вкупно 232 лица. Се вршат контроли и кај оние што се во изолација.
„Полициски службеници на СВР Тетово извршиле контроли на вкупно 182 лица со решенија за изолација издадени од Државен здравствен и санитарен инспекторат. Контролирани, исто така, биле и 209 лица со изјави за самоизолација. При контролите на лицата со решенија и со писмени изјави не се констатирани непочитувања и поради тоа нема поднесени пријави по таа основа“,
информираат од СВР Тетово.