Лицето било сопрено од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции. При извршената контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола, а при преглед на возилото била пронајдена и брендираната гардероба
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 18 часот во Кочани е приведен 37-годишен кочанец, во чиј автомобил марка „опел“ биле пронајдени 1 848 парчиња брендирана облека.

Лицето било сопрено од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции. При извршената контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола, а при преглед на возилото била пронајдена и брендираната гардероба.
„Лицето е приведено поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 297-а и член 285 од Кривичниот законик и е предадено во Полициската станица Кочани за понатамошна постапка“,
соопштија од МВР.
