Обдукцијата покажала дека тој е позитивен на коронавирус. Во тек се епидемиолошки анкети на сите оние што биле во близок контакт со него
Еден притвореник во истражниот затвор во Шутка, кој вчера починал од срцев удар, на обдукцијата бил дијагностициран со ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Тој рече дека кога бил примен во затворот на 8 март, притвореникот немал симптоми, но подоцна, откако починал, брисот се покажал позитивен на коронавирусот.
Во тек се епидемиолошки анкети на сите оние што биле во близок контакт со него и резултатите ќе бидат објавени по завршените анализи.
Одговарајќи нановинарско прашање, Филипче рече дека нема информација дека ова лице претходно било во друга институција, односно дали се работи за истото лице за кое во некои медиуми се појави информација дека бил во затворот Идризово.
На прашањео дали после овој случај на заболен со ковид-19 во казнено-поправна установа се размислува за отпуштање на затворениците, Филипче рече дека прво ќе се чекаат анализите, па потоа ќе се донесе одлука како ќе се постапи натаму.