Обвинителството по распитот на осомничените предложи да се определи притвор во траење од 30 дена, а судот го прифатил тој предлог за В.Д. и Р.М.
Третото основно јавно обвинителство Белград, по сослушувањето, одреди притвор на осомничените В.Д. (46) и Р.М. (41), додека на сопственикот на сплавот „Фристајлер“ Љ.М. (51) му е одредена мерка „забрана за приближување, средба и комуникација со одредено лице и посета на одредени места“.
Обвинителството по распитот на осомничените предложи да се определи притвор во траење од 30 дена, а судот го прифатил тој предлог за В.Д. (46) и Р.М. (41).
На осомничениот Љ.М. одредена му е мерка „забрана за приближување, средба, комуникација со одредено лице и посета на одредени места“ од член 197 од Законот за кривичната постапка.
Извлекувањето на сплавот „Фристајлер“, кој делумно потона во реката Сава за време на новогодишната забава, е обврска на сопственикот на објектот, соопштиле од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија.
Неколку дена по делумното тонење, сплавот сè повеќе тоне и дополнително се навалува.
Белградскиот сплав „Фристајлер“ до половина потона за време на новогодишната ноќ. Очевидци на драмата што се случила во популарниот клуб велат дека водата почнала да надоаѓа десет минути по полноќ, но дека на почетокот не разбрале што се случува. Кога сплавот се навалил, почнала паниката и стампедото кон излезот.
За среќа, во инцидентот немаше повредени и настрадани лица.
Порталот „Нова.рс“ објави дека тонењето на „Фристајлер“ за време на новогодишната забава не е прв случај во кој овој белградски сплав се споменува во медиумите во негативен контекст.
Сплавот се споменува во случаи на шверц на дрога, инциденти со оружје, повеќе случаи на физичко насилство, а во 2017 година бил и запален од страна на непознати лица.