Како што изјавиле од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија за „Политика“, одобрение за вадење на сплавот мора да издаде капетанијата на пристаништето, која сопственикот мора да ја извести за почеток на работа, прекин, продолжување или напуштање на работите за вадење на потонатиот сплав
Во меѓувреме, односно неколку дена по инцидентот, сплавот сè повеќе тоне и дополнително се навалува во реката Сава, пишува „Политика“
Извлекувањето на сплавот „Фристајлер“, кој делумно потона во реката Сава за време на новогодишната забава, е обврска на сопственикот на објектот, соопштиле од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија.
Како што изјавиле од Министерството за белградска „Политика“, одобрение за вадење на сплавот мора да издаде капетанијата на пристаништето, која сопственикот мора да ја извести за почеток на работа, прекин, продолжување или напуштање на работите за вадење на потонатиот сплав.
Оттаму појаснуваат дека доколку сплавот претставува опасност или пречка за пловидбата или ризик од загадување, а сопственикот нема намера да го извади потонатиот објект, извлекувањето го врши Дирекцијата за водни патишта, односно овластено правно лице за техничко одржување на државните водни патишта.
„Согласно одредбите од Законот за пловидба и пристаништа на внатрешни води, потонатиот објект го извлекува сопственикот на тој објект врз основа на одобрение од надлежната пристаништа која го утврдува извлекувањето, како и предвиденото време за отпочнување и завршување на работите за негово извлекување. Сопственикот е должен веднаш да го извести пристаништето за почеток, прекин, продолжување или напуштање на работите за извлекување на потонатиот предмет. Ако лежи на такво место што претставува или може да претставува опасност или пречка за пловидбата или ризик од загадување, а сопственикот не му е познат на пристаништето или сопственикот е познат, но нема намера да го извади потонатиот објект, или кога без оправдана причина ќе го прекине или ќе се откаже од започнатото извлекување, отстранувањето на потопениот објект го врши Дирекцијата за водни патишта, односно овластено правно лице за техничко одржување на државните водни патишта“,
се наведува во соопштението од надлежното министерство.
Од Министерството додаваат дека се смета дека сопственикот нема намера да го отстрани потонатиот предмет доколку не достави изјава за намера за отстранување на објектот во рок од 15 дена од потонувањето или ако извлекувањето не започне во рок од 15 дена од добивањето на одобрението.
Трошоците за вадење и складирање на потонатиот објект, нагласуваат оттаму, се на товар на сопственикот.
Неколку дена по делумното тонење, сплавот сè повеќе тоне и дополнително се навалува, пишува „Политика“.
Белградската полиција во понеделникот ги уапси сопственикот, директорот и минаџерот на сплавот „Фристајлер“, кои денеска треба да бидат изведени на сослушување пред Третото основно јавно обвинителство, во чии раце е целокупната натамошна истрага за случајот.
Тие се товарат дека дозволиле присуство на поголем број лица на сплавот од капацитетот на овој објект и со тоа ја загрозиле безбедноста на поголем број луѓе,
Неофицијално, кога почнало тонењето, на сплавот имало повеќе од 700 луѓе, а бил регистриран за 220.
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, објаснува дека објектите, за кои вели дека се врзани за крајбрежјето, во моментов немаат регулиран статус и најавува подобрување регулативата.
Некои медиуми шпекулираат дека сопственикот на сплавот еден час пред инцидентот бил информиран дека во објектот влегува вода и дека истрагата ќе биде отежната бидејќи комплетната документација и видеонадзорот се неупотребливи со оглед на тоа што завршиле во водата.
Вчера се огласи и тимот што управува со сплавот.
„’Фристајлер’ нема да работи поради годишниот одмор и новосоздадената ситуација. Отворањето ќе го објавиме на нашите социјални мрежи“,
напишаа од тимот.