Тие се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен коронавирусот и се дел од донацијата од вкупно 13 000 тестови што ќе ги добие земјава
Денеска во Министерството за здравство пристигнаа 3 000 од вкупно 13 000 брзи тестови за ковид кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен коронавирусот што предизвикува ковид – 19. Останатиот дел од тестовите кои се донација ќе пристигне до среда, соопштија од Министерството за здравство.
Од Министерството истакнуваат дека овие тестови се бесплатни за граѓаните, наспротив шпекулациите кои се појавија на социјалните мрежи дека за нив граѓаните ќе плаќаат.
Тие ќе бидат распоредени низ 13 – те болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, Болницата „8 Септември“, Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје, и ќе се користат за утврдување на сомнителните пациенти дали се позитивни на коронавирус.
Донацијата е од ГД „Гранит“ и Нафтената компанија „Галф оил Македонија“.