Во врска со убиството на малолетникот, во моментов е приведенo и задржанo на испитување во својство на сведок момче на 21 година со иницијали В. Т.
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Прилеп бара 30-дневен притвор за малолетникот од прилепско Сенокос кој е осомничен за убиството на 14-годишното момче, што се случи синоќа во центарот на Прилеп. Предлогот на Обвинителството е доставен до судијата за деца при Основниот суд Прилеп.
„До судијата за деца при Основниот суд во Прилеп е поднесен предлог за определување на мерка притвор до 30 дена за 15-годишниот малолетник од селото Сенокос поради постоење основано сомнение дека извршил дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело убиство по член 123, став 2, точка 7 од Кривичниот законик. Ова е потешко кривично дело зашто станува збор за убиство на малолетник“,
вели основниот јавен обвинител од Прилеп, Стевчо Биноски.
Во врска со убиството на малолетникот, во моментов е приведенo и задржанo на испитување во својство на сведок момче на 21 година со иницијали В. Т.
Убиството на 14-годишникот се случило вчеравечер околу 19 часот во центарот на Прилеп кога момчето било физички нападнато и избодено до смрт со остар предмет. Момчето, без знаци на живот, било пронајдено на тротоарот на булеварот „Гоце Делчев“, а оттаму екипи на итната медицинска помош го однеле во градската болница, каде што биле безуспешни сите обиди да се реанимира.