Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска во 12 часот треба да има обраќање за актуелната состојба за државата.
Се очекува тој да зборува за вонредната состојба која истекува утре, за ситуацијата со ковид-19, дали евентуално ќе има нова лидерска средба, за ставот за изборите…
Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го прозва Пендаровски на социјалните мрежи и го праша „дали се слушаме“, споделувајќи ги последните статистики за заразени со коронавирусот.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и неколку владини функционери, изминатите денови, пак, излегоа со став дека нема потреба да има ново продолжување на вонредната состојба. Ако нема, според власта, тогаш на 5 јули би требало да се одржат предвремените парламентарни избори.
Досега Пендаровски, почнувајќи од 18 март, донесе 4 одлуки за вонредна состојба. Првите две беа по 30 дена, а вторите по 14 дена.