СВР Скопје ги повикува граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници за време на посебниот сообраќаен режим
Од денеска до четврток (23 јули) во официјална посета на земјава ќе престојува претседателката на Република Индија, Дрипади Мурму, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Поради тоа, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на поширокото централно подрачје на Скопје.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници.
