Од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневната температура се очекува наместа да надмине 40 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 35 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневната температура се очекува наместа да надмине 40 Целзиусови степени.
