Според УХМР, попладне и во текот на вечерта наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, силен ветер и град
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност – ваква е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска.

Попладне и во текот на вечерта наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, силен ветер и град.
Минималните температури ќе се движат од 14 до 23 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 30 до 40 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.
Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на кусо невреме.