Прелиминарните резултати од изборите објавени од Републичката изборна комисија на Србија се врз основа на податоците од преброените гласови од 8 187 од вкупно 8 392 избирачки места. Според прелиминарните резултати, 2 267 615 граѓани гласале за Студентската листа, а 1 685 022 за листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ
Републичката изборна комисија (РИК) на Србија вчеравечер ги утврди прелиминарните резултати од превремените парламентарни избори што се одржаа во неделата, 25 октомври.

Според резултатите, Студентската листа „Студентите победуваат“ освоила 52,71 отсто од гласовите, а листата „Обединета Србија“ предводена од Српската напредна партија (СНС) освоила 39,17 проценти од гласовите.
Според РИК, 2 267 615 граѓани гласале за Студентската листа, а 1 685 022 за листата „Обединета Србија“.
Прелиминарните резултати од изборите објавени од Републичката изборна комисија на Србија се врз основа на податоците од преброените гласови од 8 187 од вкупно 8 392 избирачки места. Според обработените податоци, на изборите излегле 4 304 641 гласач, од кои 4 301 985 гласале, а 55 472 го поништиле гласачкото ливче.
Врз основа на прелиминарните резултати, во српскиот парламент влегуваат Студентска листа со 140 пратенички места, која има апсолутно мнозинство, листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ со 104 места, како и четири листи на малцинствата, кои освоиле вкупно шест пратенички места.
Останатите изборни листи се под изборниот праг од пет проценти за влез во парламентот.
