Според најавата на УХМР, во среда и четврток ќе биде релативно стабилно, а во петок и во текот на викендот ќе има услови за врнежи од дожд
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува променливо облачно и посвежо време со услови за дожд во северните делови на земјава. Врнежите на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен и повремено силен северен ветер кој ќе достигне брзина над 60 километри на час.

Минималните температури ќе се движат од -3 до 8 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 7 до 17 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 5 до максимални 13 степени.
Според најавата на УХМР, во среда и четврток ќе биде релативно стабилно, а во петок и во текот на викендот ќе има услови за дожд.
