Од понеделник, пак, се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи на повеќе места, а од вторник следува период на променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Сончево и топло време со мала до умерена облачност, најави УХМР за денеска. Се очекува да дува и слаб до умерен ветер од северен правец, а минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 18 до 25 степени.
И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната до 24 степени.
Исто така, и за утре синоптичарите најавуваат претежно сончево и топло време, но со изолирана појава на дожд и грмежи во попладневните часови.
Од понеделник се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи на повеќе места, а од вторник следува период на променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд.