Извици за „Оставка“ и „Никогаш северна, само Македонија“ одекнуваат пред Владата од протестот организиран под слоганот „Слобода за уставобранителите“. Поголем дел од насобраните граѓани носат транспаренти за ослободување на Јане Ченто, Горан Ангелов- Ќосето и другите осудени за крвавиот четврток на 27 април 2017.


Од пред Владата толпата помина покрај министерството за правда и се упати кон Собранието.

Меѓу присутните е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски , придружуван од пратеници и партиски функционери, во знак на поддршка на демонстрантите.
