Од Националниот парк велат дека пожарот ќе се следи, но поради непристапноста на теренот нема да се интервенира

Пожар избувнал денеска над Боговинско Езеро, на Шар Планина, а според надлежните пожарот не претставува опасност за шумскиот фонд.
Од Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово велат дека пожарот бил пријавен денеска во 11:54 часот од страна на тетовската противпожарна единица.
Веднаш по добиената пријава бил известен „Национален парк Шар Планина“ од каде рекле дека се запознаени со пожарот. Оттаму рекле дека зафатени се пасишта на непристапен терен, на граничниот појас меѓу Македонија и Косово.
Од Националниот парк велат дека пожарот ќе се следи, но поради непристапноста на теренот нема да се интервенира.
