Веднаш по дојавата, на терен се испратени екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои интервенираат на локацијата за локализирање и гаснење на пожарот

Гори дива депонија лоцирана покрај железничката пруга во скопската населба Долно Лисиче, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пријавата за пожарот била примена денеска во 11:26 часот преку Единствениот број за итни случаи 112.
Веднаш по дојавата, на терен се испратени екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои интервенираат на локацијата за локализирање и гаснење на пожарот.
Засега нема информации за предизвикана материјална штета.
Чадот што се издига од пожарот може да се забележи и од делови на населбата Ново Лисиче.
