Во соопштението од Општина Центар се објаснува дека оваа одлука за „ПОЦ“ Советот на Општина Центар ја донел во согласност со Одлуката на Владата за утврдување на минималната плата во висина од 18 000 денари
Со 13 гласа за, советниците од Советот на Општина Центар денеска дадоа зелено светло за Одлуката за измена на Правилникот за платите, надоместоците на плати и други примања на вработените во Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар.
Во соопштението од Општина Центар се објаснува дека оваа одлука за „ПОЦ“ Советот на Општина Центар ја донел во согласност со Одлуката на Владата за утврдување на минималната плата во висина од 18 000 денари.
Покрај одлуката за зголемување на платите, советниците гласаа и за измени во Статутот на ЈП „ПОЦ“, со што во обврските а претпријатието се додаде и одржувањето на хигиената на улиците, како и на постоечката урбана опрема на територија на Општина Центар, што беше ветувањее од изборите на актуелната власт во општината.