Премиерите Зоран Заев и Еди Рама потпишаа Договор на маргините на Самитот на земјите од Западен Балкан во Тирана чиј домаќин беше премиерот на Албанија
По примерот со Србија, нашата земја ќе има заеднички гранични и царински контроли и на граничните премини со Албанија.
За ова денеска, премиерите Зоран Заев и Еди Рама потпишаа Договор на маргините на Самитот на земјите од Западен Балкан во Тирана чиј домаќин беше премиерот на Албанија.
„Навистина е задоволството кога двајца многу добри пријатели коишто водат извршна власт на две одлични земји по своето пријателство ќе направат чекор кон збогатување и усовршување на тоа пријателство. Со потпишувањето на денешниот договор завршуваме еден сериозен процес на којшто работеа нашите Влади за да го отвориме „one stop shop“ терминалот каде што нашите граѓани ќе го преполоват своето чекање во делот на поминувањето на нашите граници, но пред сѐ и над сѐ, ќе се создадат услови за остварување на четирите европски слободи за слободен проток на стока, луѓе, капитал на услуги“,
рече премиерот Заев.
Премиерот на Албанија, Рама оцени дека овој договор значително ќе го олесни движењето меѓу граѓаните на двете држави.
„Сакам и јавно да му се заблагодарам од сè срце на Премиерот за неговиот енергичен пристап до крај и за неговата непоколеблива волја да го придвижи овој процес напред, како на билатерален аспект, така и на регионално ниво, и секако ја користам оваа прилика да му се заблагодарам за неговото доаѓање и присуство овде заедно со целиот свој тим“,
рече премиерот Рама.