Потешно повредената патничка од македонскиот автобус кој утрово се превртел на патот Блаце – Белољин во Србија, е префрлена на Неврохирургија во Ургентниот центар во Ниш. Таа има потешки повреди на кичмените пршлени.
Останатите 25 повредени, кои беа згружени во болниците во Блаце и Прокупље, се со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување.
Во моментов, како што информираа од нашата амбасада во Белград, се очекува да пристигне автобус кој ќе ги врати патниците дома.
Патниците во автобусот кој утрово се преврте оделе на еднодневна екскурзија, а крајната дестинација бил Копаоник. Според неофицијални информации, тие биле претежно од Радовиш.
Официјалните резултати за причините за несреќата сѐ уште не се доставени до нашата амбасада во Белград.