Триесет и шестгодишниот Ш.И. од Куманово ја уценувал својата поранешна девојка дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа од неа бидејќи ја одбила неговата понуда за брак.
За случајот, во полицијата во Куманово пријавила девојката, по што полицијата поднесе кривична пријава против него поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело уцена.
Пријавениот, во временски период од 2019 до 2020 година, бил во љубовна врска со оштетената во кој период без нејзино знаење направил снимки со компромитирачка содржина.
Во април 2020 година, откако таа ја одбила неговата брачна понуда, истиот и се заканил дека ќе ги прати снимките на нејзините роднини и пријатели, праќајќи ѝ притоа две снимки, а заканувајќи се дека останатите јавно ќе ги објави на социјалните мрежи.
