Финска купува само 10 отсто од електричната енергија од Русија, а според компанијата Фингрид, дефицитот ќе го компензира со купување повеќе енергија од Шведска и зголемување на производството во Финска
Русија ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија за Финска овој викенд, соопшти денеска добавувачот во момент кога се зголемуваат тензиите околу кандидатурата на Хелсинки за НАТО поради воената кампања на Москва во Украина.
„Принудени сме да го прекинеме увозот на електрична енергија почнувајќи од 14 мај, РАО Нордик не е во можност да плаќа за увезената струја од Русија“,
соопшти РАО Нордик, подружница на рускиот државен енергетски холдинг Интер РАО.
Соопштението доаѓа еден ден откако Финска ја сигнализираше својата намера да се приклучи на НАТО, објави Би-би-си.
Финска купува само 10 отсто од електричната енергија од Русија, а според компанијата Фингрид, дефицитот ќе го компензира со купување повеќе енергија од Шведска и зголемување на производството во Финска.
Финска очекува да стане самостојна во однос на електричната енергија во 2023 година, велат од компанијата.