ЕК бара Полска да го затвори контроверзниот Дисциплински совет на Врховниот суд и да ги врати разрешените судии на функцијата како предуслов за активирање на милијарди евра од Фондот на ЕУ за закрепнување од пандемијата
Национално-конзервативната влада на Полска значително ја заостри својата реторика во конфликтот со Брисел за владеењето на правото, заканувајќи се дека ќе ги искористи „сите средства“ против Европската комисија (ЕК) и доколку е потребно, ќе изгради коалиција за смена на нејзината претседателка, пишува Гардијан.
„Ако извршната власт на Европската унија (ЕУ) се обиде да не турне до ѕидот, нема да имаме друг избор освен да го извадиме целото оружје од нашиот арсенал и да одговориме со ‘око за око”,
изјави Кшиштоф Соболевски, генерален секретар на владејачката Партија на правото и правдата.
Соболевски изјави за полското државно радио дека доколку Брисел не ослободи 35 милијарди евра за помош поради пандемијата на коронавирусот, Варшава ќе покрене судска постапка против Брисел, ќе стави вето на иницијативите на ЕУ и ќе формира сојуз кој ќе ја замени Урсула фон дер Лајен и нејзиниот колегиум на комесари.
Брисел е против реформата во судството што ја спроведува полската Влада, тврдејќи дека ја поткопува независноста на судиите и го политизира судството.
Според полската Влада потребни се реформи за да се поправи „неефикасениот“ правосуден систем.
ЕК бара Полска да го затвори контроверзниот Дисциплински совет на Врховниот суд и да ги врати разрешените судии на функцијата како предуслов за активирање на милијарди евра од Фондот на ЕУ за закрепнување од пандемијата.