СВР Скопје денеска на подрачје на Бит пазар спроведе акција во која се запленето близу 15 000 парчиња пиротехнички средства. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Ова е само уште една од серијата акции што МВР ги спроведува во целата земја, во пресрет на новогодишната ноќ.
Вчеравечер на истото ова место, полицијата заплени над 30 000 парчиња пиротехнички средства, при што две лица се приведени.
Неделава, во Гостивар, Штип и Битола беа одземени над 30 000 парчиња пиротехника, при што 4 лица беа приведени.
