На Бит Пазар денеска се случил инцидент меѓу полицијата и продавачите, јави ТВ Шења. Настанот се случил при обидот на припадниците на МВР да одземат пиротехнички средства. Од видеото, не е јасно како завршила акцијата на полицијата, но МВР попладнево соопшти дека заплениле близу 15 000 парчиња пиротехника. Ќе следи и „соодветен поднесок“ по документирање на случајот.
Денешниот настан доаѓа откако синоќа полицијата заплени над 30 000 парчиња пиротехника токму на Бит Пазар. Притоа, беа приведени и две лица.
Во претходните денови, слични акции имаше и во Гостивар, Штип и Битола при што беа одземени над 30 000 парчиња пиротехника, а четири лица беа приведени.
