МВР информира дека по добиените пријави за заканувачките пораки, полициски екипи и антитерористички тимови излегле на терен и по проверките утврдиле дека дојавите за бомби во 18 скопски и едно прилепско училиште се лажни
Лажни се и денешните дојави за поставени бомби кои стигнаа на мејл-адресите на вкупно 19 училишта во земјава.

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека по добиените пријави за заканувачките пораки, полициски екипи и антитерористички тимови излегле на терен и по проверките утврдиле дека дојавите за бомби во 18 скопски и едно прилепско училиште се лажни.
„Направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 18 училишта во Скопје, како и едно училиште во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“,
информираат од МВР.
За учениците да не губат настава, Министерството за образование и наука (МОН) вчера им препорача на училиштата да организираат онлајн настава во деновите кога ќе добијат закана за поставена бомба, наместо целосно да ја прекинуваат наставата тој ден.
Вчера премиерот Димитар Ковачевски рече дека има интересни првични резултати од истрагата за дојавите, но не откри детали. Како интересен податок што го спомена тој, е тоа што била донесена одлука за префрлање на мејл-серверите на посебни сервери на училиштата, но новите електронски адреси веднаш биле доставени до дојавувачите.