Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 217 лицa им се издадени решенија за изолација, а 63 лицa потпишале изјави за самоизолација, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Вчера, бројката на граѓани во изолација и самоизолација беше значително поголема.
Во ова деноноќие, полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека тројца не ја почитувале мерката за изолација.
Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 845 прекршоци.