Доколку некое лице одбие да го прими решението за самоизолација, или дава лажни лични податоци и лажни податоци во врска со лицата со кои што имало контакт во изминатите денови, или не ја применува мерката строга изолација во домашни услови (домашна самоизолација), ќе биде сместено во 14-дневна строга изолација (карантин) во објекти определени од Владата на свој трошок.
Ова е превидено во измените на Уредната со законска сила за примена на Законот за заштита на населението за време на вонредна состојба што ги донесе денеска Владата.
Измените се резултат на појавата на случаи кога лица кои треба да ода во самоизолација одбиваат да ги примат решенијата, даваат лажни адреси за да не им бидат испратени такви решенија или не ги откриваат контактите, за што веќе предупреди и министерот за здравство Венко Филипче.
На денешната сендица на Влада исто така одлучи во секое решение за изолација што ќе го донесе Државниот здравствен и санитарен инспекторат да стои дека е задолжително инсталирање на апликацијата „СтопКорона“, заради поголема прегледност и контрола, како и со цел со цел превенција на ширењето на коронавирусот.
Наместо полициски час, како што се најавуваше во текот на вчерашниот ден, Владата денеска донесе заклучок според кој треба да се засилат полициските контроли во оштините кои се жариште на епидемијата со ковид – 19.