Од МВР најавија кривични пријави по член 206 од КЗ за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија
Полицијата вчера растурала свадбена веселба во струмичкото село Банско, на која присуствувале околу 300 гости.
Од МВР најавија кривични пријави по расчистување на случајот.
„По претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во село Банско, Струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапило спротивно на член 206 од Кривичниот законик“,
се појаснува во денешното соопштение од МВР.
Свадбата била прекината, се посочува во соопштението, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
За настанот бил известен и јавен обвинител.