Пред банките и поштата во Куманово со жолти ленти се обележани местата за чекање во ред со минимум два метри растојание, објави градоначалникот Максим Димитриевски.
„Ве молам почитувајте ги сугестиите и редот кој го бараат редарите на штабот и припадниците на МВР и АРМ од вас. Се работи за ваша и заедничка превенција и заштита“,
апелира Димитриевски.
Денеска, на барање на општинскиот кризен штаб на Куманово, АБХО, единицата од Армијата, направи и дезинфекција во банки, пошти и други установи каде што има метеж поради тековната исплата на пензиите и социјалната помош на граѓаните.
Општината екипираше и радарски служби во соработка со полицијата чија задача е да ги контролираат најпрометните места во градот.