Посочи дека многу скоро од денеска, некаде во втората половина на овој месец, ќе излезат со имињата за кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори
Убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има историска и голема победа на локалните избори, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски при неговата посета во Штип одговарајќи на новинарско прашање колкав е бројот на актуелните градоначалници што можат да сметаат на втор мандат на претстојните локални избори.
Во одговорот додаде дека во овој момент не сака да шпекулира со имиња, како и дека првично треба да се погледнат мерењата на јавното мислење.

Посочи дека многу скоро од денеска, некаде во втората половина на овој месец, ќе излезат со предлозите за кандидати за градоналачници
„До крајот на мај ќе излеземе со 80 до 90 отсто од имињата за кандидати за градоначалници за локалните избори пред Извршниот и Централниот комитет. Потоа, ќе видиме дали ќе ги прифатат, секако ќе има и дебата“,
вели тој.
Убеден е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има историска и голема победа на локалните избори.
„Покажавме на локално ниво, но и овие година дена на централно ниво дека можело во Македонија да се менаџираат институциите без афери, што значат криминал, корупција и злоупотреба“,
кажа Мицкоски.
Според него, најголем дел од градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ или коалицијата немаат основано сомнение за сторен криминал.
„Покажавме и докажавме дека можеме многу подобро да ги управуваме институциите и општините од многу европски земји, а голем дел од нив се дел од Европската Унија. Покажавме европско, би рекол скандинавско управување со општините“,
рече премиерот.