Телевизијата Алсат, во вечерашното издание на вестите од 23 часот, пренесувајќи ја атмосферата на почетокот на 56-часовниот полициски час од Куманово, емитуваше инсерти на кои можеше да се прочита терминот „Корона“ како име за фирма чија дејност се погребални услуги.
Од колегите од Алсат дознаваме дека „рекламата“ била истакната на погребално возило.
Засега нема информации дали станува за новоотворен „бизнис“, за компанија која веќе работела во дејноста но го сменила името или, пак, за уште еден пример на познатиот кумановски хумор.
(ОБНОВЕНО) *поврзана вест Куманската погребална опрема „Корона“ е од 2011 година