Се претпоставува дека новата подваријанта би можела подобро да го пробие имунитетот стекнат со претходна болест или вакцина
Паралелно со распространетоста и сè поголемиот број инфекции од омикрон, во некои европски земји се шири и подваријантата на овој сој со назив БА.2, пренесува австриската агенција АПА.
Подваријантата БА.2 е регистрирана во Норвешка, Шведска и Велика Британија, а во Данска го потиснала основниот вид БА.1 и станала доминантна, пишуваат тамошните медиуми.
„Засега не се знае многу за подваријантата на сојот омикрон“, .
изјави генетичарот Урлих Елинг за австриската агенција АПА.
Тој вели дека мутацијата на соевите покажува дека само широко распространет имунолошки одговор води кон ендемија. Се претпоставува дека новата подваријанта би можела подобро да го пробие имунитетот стекнат со претходна болест или вакцина.
Појавата и ширењето на подваријантата може да доведе до двоен удар, но според австриски генетичар, оние што веќе се заразиле со омикрон не би требало да бидат заразени со варијантата БА.2. Засега нема многу информации за оваа мутација на омикрон, која сепак веќе е потврдена во неколку земји.