Од денеска почна вакцинацијата против ковид на лицата со ретки болести кои се заведени во Националниот регистар за ретки болести, а се вакцинираат и родители и старатели на малолетни деца од овој регистар кој брои околу 60 различни дијагнози на ретки болести, информираат од Министерството за здравство.
„Покрај овие лица, ќе се вакцинираат и пациентите со цистична фиброза. Во оваа категорија ќе се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица со цистична фиброза. Вакцинацијата ќе се изведува во наредните неколку дена на вакциналните пунктови во спортската сала ‘Борис Трајковски’ во Скопје“,
информираат од Министерството за здравство.
Неделава завршува и вакцинацијата на околу 2 000 пациентите кои се на дијализа, чекаат орган на листите за трансплантација, имаат трансплантиран орган или и самите се дарители.