Со прва доза против ковид досега се вакцинирани вкупно 224 336 граѓани, а ревакцинирани се вкупно 42 832. Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале вкупно 6 940 граѓани.
„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 422 503 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 224 336 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2 958 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6 940 граѓани“,
информира Министерството за здравство.
Во државата вкупно се аплицирани 267 167 дози вакцини, а ревакцинирани се 42 831 граѓани. Со последните бројки 46% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
„Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп. Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат“,
велат од Министерството.