Врнежите наместа ќе бидат пообилни, со наврнати над 30 литри на квадратен метар
Под влијание на циклонска активност, времето денеска ќе биде постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Врнежите наместа ќе бидат пообилни, со наврнати над 30 литри на квадратен метар. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 13 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 11 до 23 степени.
Времето во Скопје ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд во попладневните часови и во текот на ноќта. Во делови од котлината дождот ќе биде умерен и повремено засилен. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални 9 до 18 степени.
Според УХМР, врнежите ќе продолжат и во сабота, особено во претпладневните чсови.
