Пратениците и советниците од опозицијата од Нови Сад го блокираа автопатот Нови Сад – Белград, објави на социјалните мрежи потпретседателката на Партијата на слободата и правдата, Мариника Тепиќ
Во многу градови низ Србија денеска се одржа 15-минутен молк во чест на 15-те загинати во уривањето на бетонската натстрешница на железничката станица во Нови Сад, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).
Илјадници луѓе се собраа и пред Владата на Србија, а зголемено е полициско присуство пред српското собрание.
Затворени се и голем број продавници низ Белград.

Учениците од земунската гимназија најавија блокада на кружниот тек кај „Ушќе“ и „час по природа“, како и прошетка од 14 километри низ улиците на Нов Белград, на која ќе им се придружат и средношколците од центарот на градот и оние од новобелградските гимназии и средни училишта.
Dragi studenti, učitelji, nastavnici, roditelji i svi građani Novog Sada i Srbije,
— Marinika Tepić (@MarinikaTepic) January 24, 2025
Zajedno, solidarni do ispunjenja svih zahteva studenata.
Blokirali smo auto-put Novi Sad – Beograd. Vidimo se potom na blokadi kod Futoške pijace.
Novosadski poslanici i odbornici✊❤️ pic.twitter.com/44HuV0vBQR
Пратениците и советниците од опозицијата од Нови Сад го блокираа автопатот Нови Сад – Белград, објави на социјалните мрежи потпретседателката на Партијата на слободата и правдата, Мариника Тепиќ.
„Почитувани ученици, наставници, родители и сите граѓани на Нови Сад и Србија, заедно, солидарно до исполнување на сите барања на студентите. Го блокиравме автопатот Нови Сад – Белград“,
напиша Тепиќ.
Во Нови Сад се одржуваат голем број протести, а меѓу најмасовните е прошетката на студентите и граѓаните низ градот, на кои им се придружија и средношколците.
Во Србија денеска се одржува генерален штрајк како форма на граѓанска непослушност, на која граѓаните се повикани од страна на студентите и средношколците, пренесува српски Н1.
„Не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме секојдневни обврски. Да ја земаме слободата во наши раце. Вашето учество прави разлика“,
напишаа студентите на социјалната мрежа Инстаграм.
Поддршка на штрајкот најавија многубројни компании, здруженија и политички партии.